Големите клубови се во секојдневен „лов“ на таленти. Така, како што дознаваме, белградскиот гигант Црвена звезда го повикал голманчето Алексеј Тофилоски од Прилеп, член на Фудбалската школа Перак. Стручњаците го забележале иако има само 9 години. Всушност, комуникацијата на клубот, некогашен европски и светски шампион, со Алексеј трае подолго време, уште кога голманчето имало 8 години и било најдобро на турнир во својата генерација. Еднаш веќе било во Белград, а од завчера е вторпат во овој клуб. Планот е таму да биде две недели. Фотографијата што ја објавуваме е најнова, во опрема од Црвена звезда. Алексеј е во друштво на родителите Весна и Дарко (двајцата познати голмани во женскиот и во машкиот фудбал), како и на брат му Христијан.
Ништо чудно Звезда да се заинтересира и за 12-годишниот Христијан Тофилоски, бидејќи и тој е одличен голман, голем талент, со награди при настапите за ФШ Перак.
МОЛБА ЗА ПОМОШ!
