Некомплетно е 12. коло од Општинската Б-лига на ОФС Прилеп. Не е одигран мечот во Канатларци, Канатларспор – Братство (Житоше) поради свадба во местото на домашниот тим. Дуелот е закажан за в четврток во 16 часот. Од дуелот на Могила, Корзо – Канатларци 3:0 интересно е што сите три гола ги постигна Деан Ристески – Бонбончето. Тој има 42 години.
Подолу се сите резултати од трите одиграни меча.
РЕЗУЛТАТИ: Партизан – Боротино 1:3, Корзо – Канатларци 3:0, Пролетер – Прилеп сити 0:2, Канатларспор – Братство (Житоше) в четврток во 16 часот.
ТАБЕЛА:
Братство (Житоше) 27
Партизан (Обршани) 21
Прилеп сити 21
Канатларспор 19
Пролетер (Прилеп) 18
Корзо (Прилеп) 15
Боротино 13
Канатларци 6.
Во лигата највредно е првото место, со кое се обезбедува пласман во Општинската квалитетна лига, но и второто место е привлечно, бидејќи со него се влегува во бараж-меч против претпоследниот од погорната лига, од каде победникот е во погорен ранг – поразениот во Б-лигата.
СЛЕДНО 13. КОЛО: Пролетер – Партизан, Прилеп сити – Корзо, Канатларци – Канатларспор, Братство – Боротино.