Фудбал

(фото) ПОСТАВЕНА 40-МЕТАРСКА ТРИБИНА, РЕКОНСТРУИРАН СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР: ФУДБАЛСКО, КОШАРКАРСКО И ОДБОЈКАРСКО ИГРАЛИШТЕ!

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, го пушти во употреба реконструираниот Спортско-рекреативен центар на Пониква наменет за вежбовни активности на полициските службеници. Ова е еден од проектите реализиран како резултат на институционалната соработка меѓу Министерството за спорт и Министерството за внатрешни работи.

– Со успешната реализација на овој проект покажавме дека институциите треба да соработуваат и Министерството за спорт покажа дека е во служба на сите граѓани. Во рамките на нашите можности ќе инвестираме во спортската инфраструктура, без разлика дали се работи за потребите на спортистите или за потребите на полициските службеници. Цениме дека и полициските службеници треба да имаат соодветни услови, односно вакви центри во кои ќе се обучуваат и ќе практикуваат спортски активности. Како Министерство за спорт ја поддржуваме ваквата институционална соработка и ваквите проекти кои на некој начин се и слика за тоа како треба да изгледа една стабилна држава во која преку спортот се промовираат вистинските вредности – истакна министерот Борко Ристовски.

Во склоп на Спортско-рекреативниот центар во Пониква реконструирано е фудбалското, кошаркарското и игралиштето за одбојка на кои е поставен полипропиленски под, поставена е фитнес зона со современи реквизити и 40-метарска трибина.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека вложувањето во капацитетите на кои се обучуваат полициските службеници е влог во стабилноста и безбедноста на државата.

– Со министерството за спорт неодамна потпишавме Меморандум за соработка со кој ќе ги надградиме, реновираме и унапредиме поголемиот дел од спортските капацитети на Министерството за внатрешни работи. Вложувањето во капацитетите на кои се обучуваат полициските службеници е влог во стабилноста и безбедноста на државата. Во рок од еден месец беше поставена основа за фудбалско игралиште и фитнес зона со монтирање на сите реквизити. Игралиштата за фудбал, кошарка и одбојка се опремија со полипропиленски подови, обележени и со нови реквизити. Истите добија и трибини од по 2 реда за следење на натпреварите. Покажуваме дека преку добро планирање и соработка помеѓу институциите, јасна визија и одлучност, може да се изградат услови кои ги задоволуваат современите полициски потреби – рече министерот ПанчеТошковски.

Преку оваа соработка на двете министерства, воедно се работи и на реновирање на спортските капацитети на Центарот за обука на МВР во Идризово.

Од категоријата

ГОЛЕМО КОЊАРИ ЧУВА ТЕРМИН ЗА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ПО ДВЕ ПРИЛЕПСКИ, СКОПСКИ И БИТОЛСКИ ЕКИПИ ВО БОРБА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ!

Зоран Иге

И САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ БЕШЕ МАЛА, КАМОЛИ УЧИЛИШНАВА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион