Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е финалето од Купот на Македонија во фудбал, Вардар (Скопје) – Струга. Борбата за трофејот стартува во 20 часот. Меѓутоа, љубителите на фудбалот од државава можат да изберат – дали ќе го следат ова финале во Скопје или пак по 21 часот ќе го изберат финалето од Лигата на Европа, според системот на УЕФА, помеѓу англиските Манчестер јунајтед и Тотенхем од Лондон.
Дилемата е за оние што ќе следат телевизиски пренос, а додека сите што се определиле за седиште на трибина нема никакви дилеми кој меч ќе го гледаат.