Фудбал

ИГРАШЕ ДО 57 ГОДИНИ, А СЕГА Е ПРЕТСТАВНИК НА КЛУБОТ ФИНАЛИСТ!

Утре (среда) од 17 часот на Градскиот стадион Гоце Делчев“ во Прилеп се игра финалето од плејофот за првак на општинските лиги од ОФС Прилеп, Кадица (Забрчани) – Црвена ѕвезда (Сенокос). Има познати имиња за пошироката јавност и меѓу играчите, и меѓу другите, службени лица. Меѓу најзвучните, секако, е Орде Котески (на фотографијата со Петре Илиоски, секретар на ОФС Прилеп). Котески, навлезен во 65 година од животот, е во улога на службен претставник на Кадица, тим за кого одигра до 57 години, а претходно за уште четири тима – 11 Октомври, Пролетер од Македонски Брод, Питу Гули од Крушево, а врв на кариерата со головите од 40 метри во Победа, во некогашната Втора југословенска лига.

Утре Кадица се бори да биде прв тим со две титули едноподруго првак на Прилеп, ако планот не го расипе противникот, Црвена ѕвезда.

Од категоријата

(аудио) ШТО ИМА НОВО ВО ПОБЕДА – ОД ТРЕНЕРОТ НИКОЛОСКИ

Зоран Иге

(фото+видео+состави) СИЛНА БОРБА, СИЛЕН ДОЖД, НИЗ ПРЕКИН ДО РЕМИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

МАСОВНО ПРИСУСТВО Е ОЧЕКУВАЊЕТО ОД ПРВИОТ ТРЕНИНГ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе