Точно три недели се одвиваат подготовките на новиот второлигаш Големо Коњари за следната сезона. Според планот, претстои четвртиот пријателски меч. Од клубот информираат дека тој тест ќе биде на 9 август (сабота), а противник не е договорен, бидејќи желбата е да се има дуел со второлигашот Победа од Прилеп, тим кој се уште нема стартувано со тренинзи. Доколку подготовките на Победа почнат утре (понеделник, 4 август)) тогаш има шанса за пријателскиот дуел на оваа екипа со Големо Коњари, тим со закажан последен тест за 16 август со второлигашот Новаци.
Претходно Големо Коњари со 2:0 дома го совлада третолигашот Победа од Валандово, со 4:0 беше поуспешен дома од третолигашот Евротип од Битола, а со 3:0 загуби од второлигашот Вардар во Неготино.
