Ракомет

ПРИЛЕП СЕ ДОГОВОРИ СО ТИМОТ НА КИРЕ ЛАЗАРОВ!

Веќе 12 дена во тренажен процес е Ракометниот клуб Прилеп, член на машката Супер лига на Македонија. Екипата има тренинзи под водство на новиот тренер Наум Танески, актуелен селектор на Младинската репрезентација на Македонија. Според планот на подготовките, закажани се пријателски мечеви, од кои првиот е во Маврово, на 8 август, со Алкалоид од Скопје, тим воден од сниорскиот селектор на Македонија Кирил Лазаров. Мечот ќе се одигра во Маврово. Вториот тест е во Прилеп, на 13 август, со Мултиесенс од Скопје. Вкупно се планирани 7-8 пријателски мечеви за Прилеп, вклучувајќи ги и тие на Меѓународниот турнир „Миле Нешкоски“ од 21 до 24 август.

Напорни тренинзи и пријателски натпревари се до 6 септември, кога е првиот првенствен дуел, дома, со Еурофарм Пелистер 2 од Битола.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНКИТЕ ОД МИНУС ТРИ ДО ПЛУС ЧЕТИРИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП Е ЛИДЕР!

Зоран Иге

ПОЛНА САЛА ВО ПРИЛЕП – ВЕЧЕРВА ОД 19.30!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион