Ни најстарите фудбалски љубители во Прилеп не би се сетиле на нешто слично во минатото – Победа да не е почната со подготовки на 5 август. Не би се сетиле оти тоа никогаш не се случило. Обично Победа почнувала со тренинзи околу 1 до 10 јули. Пред една година, летото 2024, првиот собир на Победа беше на 3 јули, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.
Летниот одмор предолго трае (од 25 мај) па затоа и коментарите меѓу прилепчаните дека крајно време е за старт на подготовките на Победа. Очекувањата се за помош од Општината или од некои компании, а веднаш потоа за одржување на првиот собир. Се зборува дека има квалитетни фудбалери коишто се останати уште во клубот, на кои можат да се додадат и прилепчани коишто биле во други клубови, а моментно се без амгажман. Останува да се причека и овие денови за да се види што ќе се случи со тимот на тренерот Стојанче Дунимаглоски.
Секој почеток и да е задоцнет е добредојден, ако се знае дека првенствениот второлигашки старт е на 23 август.
