Секојдневна активност има во Фудбалскиот клуб Големо Коњари. Новиот второлигаш е во борба да обезбеди што подобри услови за тренинзи и натпревари, што повеќе материјални и финансиски средства. Сето ова го потврдува најновото обраќање до јавноста:
– Голема благодарност до отец Горан Мантароски за донираните парични средства. Голема благодарност и до Драган Најдоски од „ИЗО стакло“за донираната ПВЦ-дограма. Исто така голема благодарност и до наш иселеник во Австралија за донираните парични средства и плочки за сите соблекувални – е објавата на ФК Големо Коњари.
Во клубот дојде нов тренер – Јовица Блажески од Македонски Брод, најавени се играчите Зоран Даноски – Шукер, Валентин Белески и други искусни, како и уште неколкумина помлади.