Успех на прилепскиот фидемајстор Роберт Велески на осмото издание од „Шолта опен“, меѓународниот шаховски турнир во Хрватска. Меѓу 85 учесници од 17 држави беше единствениот Македонец. Го освои високото 6. место со 6,5 поени од 9 партии, а според рејтиногот на стартната листа беше на 31. место. Пласиран е над двајца велемајстори и петмина интермајстори.
Велески доживеа само 1 пораз (од ФМ Јован Миловиќ од Црна Гора), оствари 3 реми (со Ангело Безиќ, со ВМ Иван Заја – двајцата од Хрватска и со ФМ Рафал Тимракиевич од Полска), постигна 5 победи (со Џорџ Вајт и со Никол Вајт – двајцата од Ирска, со Оливер-Цезар Бонавентур и со Дарко Куртовиќ – двајцата од Хрватска, со ИМ Леон Мази од Словенија).
На турнирот победник е ФМ Јован Миловиќ од Црна Гора со 7,5 поени.