Шах

ИТАЛИЈА: ПЕТ И ПОЛ ЧАСА БОРБА ЗА ТРИУМФ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ!

Денешниов е десетти ден е од Светското младинско шаховско првенство во Монтесилвано, Италија, каде во разни возрасни категории учествуваат петмина млади шахисти од Македонија. Меѓу нив, во категоријата до 18 години, е 17-годишниот прилепчанец Никола Павлески. Тој во 8. коло со црни фигури направи подвиг, го совлада Црногорецот Михаило Пусара. Борбата беше тешка и долга, пет и пол часа. Подвиг е затоа што Павлески има рејтинг 1971, а Црногорецот е со 2167 меѓународни поени. Така, нашиот претставник сега има 4 поени (три пораза, две реми и три победи) и на табелата е на 66. место. Денеска (среда) од 15 часот е 9. коло, во кое Павлески со бели фигури ја игра партијата со Гркот, ФМ Стефанос Казанѕоглу. И Казанѕоглу има ист број поени – 4, но е нешто повисоко на табелата, на 58. место.

Другите македонски претставници: ФМ Моника Жежовска од Скопје (женски до 18 години) со 4,5 поени на 38. место, Кристијан Кавазов од Гевгелија (до 16) со 4 поени на 90. место, Даниел Стеваноски од Скопје (до 14) со 3,5 поени на 96. место и Наде Смилевска од Битола (женски до 16) со 2,5 поени на 95. место.

Од категоријата

(фото) И ПРИЛЕПЧАНЧЕТО Е ВО ИТАЛИЈА, НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, МЕЃУ ВЕЛЕМАЈСТОРИ!

Зоран Иге

(аудио) КАКО ПРИЛЕП ДЕНЕСКА СТИГНА ДО ЕВРОПА…

Зоран Иге

БОРБА ЗА ВТОРОТО МЕСТО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион