Седми ден е од Светското младинско шаховско првенство во Монтесилвано, Италија, во машка и женска конкуренција. Во категоријата до 18 години, 17-годишниот прилепчанец Никола Павлески, во 6. коло со црни фигури му даде отпор и изваде реми со Мигуел Ангел Гарсија Лопез од Мексико. Така, нашиот претставник сега има 3 поени (по два пораза, две реми и две победи) и на табелата е на 70. место. Денеска од 13 часот, во 7.коло, Павлески со бели фигури има партија против ФМ Ивано Сундач од Хрватска. И Сундач има 3 поени, а се наоѓа на 73. место од табелата.
Другите македонски претставници: ФМ Моника Жежовска од Скопје (женски до 18 години) со 3,5 поени на 48. место, Кристијан Кавазов од Гевгелија (до 16) со 2 поени на 122. место, Даниел Стеваноски од Скопје (до 14) со 2,5 поени на 102. место и Наде Смилевска од Битола (женски до 16) без поен на 103. место.