Фудбалската федерација на Македонија го одреди денешниот датум (15 јуни) за почеток на Летниот преоден рок. Тоа значи дека почнува можноста за трансферите на фудбалерите од клубовите во државава, како и можноста за продолжување на кариерите во досегашните клубови, зависно од одлуките на играчите или клубовите. На располагање се следниве 84 дена, што значи дека Летниот преоден рок е со траење до 6 септември.
Очите на прилепската фудбалска јавност се свртени кон клубовите што се највисоко според рангот – довчерашните второлигаши, сега третолигаши Победа (Прилеп) и Големо Коњари, а тука се и досегашните третолигаши Ултрас (Прилеп), Питу Гули (Крушево), Влазними јуниор Пресил (Крушево), Млекар Мало Коњари, Бучин, Младост Кривогаштани (Прилеп). Секако дека и членовите на општинските лиги се интересни, фудбалските школи, клубовите од женскиот фудбал, па и клубовите од футсалот.
Летово веќе има реактивирани фудбалски клубови, а можно е да се случи фузирање или формирање на – нови.