На 80 години почина Миле Присаѓанец, еден од познатите прилепски шахисти. Беше носител на 1-ва категорија, своевремено мошне почитувана титула. Членуваше во реномираните прилепски клубови „Металец“ и „Енергоинвест 11 Октомври“. Беше еден од најдобрите решавачи на шаховски проблеми. Одлика на неговата шаховска игра беше стрпливото градење на позициона предност. Шаховската заедница загуби еден важен и скромен член.
Погребот на Миле Присаѓанец е денеска (среда) во 11 часот, на новите градски гробишта од Прилеп.