Одборот при манастирот „Св. Никола“ во с. Загорани презема активности за доизградба на манастирскиот конак (соби за престој на 2 кат над трпезаријата). За оваа активност се повикуваат сите добронамерни луѓе да се приклучат за учество со работна рака или со донација на финансиски средства или градежни материјали. Однапред Ви благодариме и со молитвите на св. Никола се надеваме дека заеднички ќе придонесеме за овој наш народен храм!
Пријавување, контакт и информации кај потпретседателот на одборот Марјан Мицкоски 071705915 или кај секретарот Ицко Дамчески 075/545-010.