Фудбал

ПРЕД СТАРТОТ НА СВЕТСКОТО: ЈАВУВАЊЕ ОД АМЕРИКА, А ИНФОРМАЦИИ И ЗА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА!

Вистинска среќа за нас е сега, пред стартот на Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада, што имаме голем фудбалски вљубеник наш прилепчанец којшто се наоѓа во САД, веќе 8 години живее и работи таму, а и веднаш ја прифати нашата покана да учествува во нашиот медиум. Подолу се сите прашања и одговори;

  1. Од Ваш агол што се гледа интересно околу Вас во врска со Светското?

Тоа што можам да го видам е она што ме опкружува, иако не се чувствува некоја голема еуфорија. Но како се наближуваше времето до почетокот на првенството, таа се зголемува се повеќе па може да се забележи дека луѓето веќе ги бележат своите дворни места, коли, но и носат дресови од повеќе репрезентации, претежно од латинска Америка. Тука скоро повеќе од пола сторови по нашки кажано продавници, имаат засебни излози, рафтови со навивачки реквизити, но како што реков не може да се најде баш од секоја репрезентација од светот.

  1. Слушаме дека во регионот каде што живеете нема да има ништо од Светското?

Во моја близина каде што живеам јас, во Бока Ратон, има голем стадион, но не е избран за ниеден од мечевите. Исто така, каде што работам во ризортот од неколку хотели, нема да има сместено ниедна репрезентација. А само пред една година тука беа две недели сместени клубот и играчите на Манчестер сити. И уште нешто интересно – пред два месеца тука беше и принцот Хари од Англија, кого случајно го сретнав пред сервислифтот кој е само за вработените, така што имав и можност да се поздравиме, да си кажеме добар ден.  

  1. Далеку ли е Мајами? Таму ќе има 7 меча од 15 јуни до 18 јули?

– Мајами е оддалечен час и половина од Бокаратон и точно така таму ќе има 7 натпревари. Но јас нема да бидам присутен на ниту еден од нив, од 3 причини: првата е што Македонија нема да се натпреварува, втората причина е тоа што следниот месец доаѓам во Македонија, и третата причина е тоа што картите се со многу висока цена и се движат од 3000 $ нагоре. Еве еден пример на колешка на мојата сопруга која купи две влезници уште пред 2 месеца и потроши 6000 $, а пред два дена и ги поништија влезниците. Парите и беа вратени без посебно образложение. По некоја случајност, ако Македонија учествуваше на овој Мундијал, секако ќе го прескокнев доаѓањето во Македонија со моето семејство, за да ја бодрам нашата репрезентација.

  1. Македонија не учествува, а Македонци има таму фудбалски љубители. За кого ќе навиваат и како?

Има Македонци, но тука на Флорида тие се распрскани и не е исто како во Њу Џерси, каде Македонците претежно живеат во градот Гарфилд. Таму има има неколку македонски ресторани, но и две многу добро организирани цркви. За разлика од нив, тука на Флорида, црквата која е донација од нашиот прилепчанец Џорџ Атанасоски, ја држат претежно многу повозрасни луѓе, кои со години се истите и никогаш не е организирано заедничко гледање на ниедно првенство. Но, исто така, тука во Флорида нема македонски ресторани. Јас од тоа што го знам како карактер на Македонците, сигурно тие би навивале за босанската или хрватската репрезентација, се разбира и за Америка, бидеќи тука живеат и работат.

  1. Вие, како прилепчанец, каде и да сте и во секое време, покрај сите работни и други обврски, сте посветени на фудбалот. Некои детали?

Тука имам колеги кои се со потекло од повеќе јужноамерикански држави и секој ден разговараме за Мундијалот и има доста позитивна енергија, бидеќи им го знаеме навивачкиот дух и колку го сакаат фудбалот. Еве да кажам Адам е од Мексико, менаџерот Карлос е од Португалија, Мигел е од Колумбија, Марсело е од Аргентина кој бил во Русија и ја бодрел Аргентина на тоа Светско првенство а влезниците биле по 150 $. За денеска сум договорен со мојот пријател Адам заедно да го гледаме мечот Мексико Јужна Африка.

  1. Вие сте познат како автор на навивачки химни. Кажете ни нешто во врска со најсаканиот клуб, Победа?

Благодарам за ова прашање. Точно – јас сум посветен на фудбалот и моја најголема љубов е Победа од моето најрано детство па се до денденес. И кога веќе ме прашавте за Победа, имам мала информација која лично ја слушнав преку телефонски разговор од сопственикот на акциите Сашко Попоски. Тој се нема откажано од Победа, иако по неговото доаѓање наиде на многу недоразјаснати ситуации со клубот и неговото функционирање, на што и самата спортска јавност во Прилеп е сведок. Тоа што го зборува чаршијата е вистина. Вистина е тоа дека реално постои инвеститор или брат на неговата сопруга и дека се уште постојат шанси за да се продолжи. Но исто така Сашко има и други понуди една од Русија и една од Австралија. Во наредните две недели точно ќе се знае како ќе се решат досега сите создадени проблеми, кои нема тука сега да ги набројуваме. Исто така, од страна на сопственикот, побарана е средба и со градоначалникот, бидеќи знаеме дека стадионот е на Општината, па секако како татко на градот не треба да биде скокната и таа институција. Јас сум оптимист, според тоа што го зборнавме преку видеоразговор и знам дека фамилијата Попоски се спортска фамилија која со заеднички сили со нас навивачите ќе се потрудиме да се реорганизираме. Планот на маса е издржлив и во себе содржи професионални чекори. Јас знам дека јавноста е скептик и додека не види не верува, со право. Но да оставиме уште неколку дена по средбата со градоначалникот, тоа ќе биде образложено од нивна страна и преку вас, новинарите.

 

Од категоријата

ДЕНЕСКА А. ПАНДЕВ ПРВПАТ НА ГРАДСКИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ТУРНИР ВО ПРИЛЕП: ТРИУМФ И СО 13:0!!!

Зоран Иге

КАРЧЕСКИ: НЕ ЧЕКА АМБИЕНТ ОД ИЛЈАДНИЦИ ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион