Фудбал

ПОЗНАТИ ФУДБАЛЕРИ И НА ПАРКЕТОТ И НА ТРИБИНАТА

Салата од ОУ „Добре Јованоски“ е претесна за да ги прими сите љубители на малиот фудбал, така што само тие што доаѓаат побргу, можат да се сместат удобно на 350 седишта. Се поинтересни се дуелите од групната фаза. На паркетот се појавуваат многу познати фудбалери од прволигашките клубови од Македонија, а има и наши интернационалци кои играат во странство. Синоќа беше големото дерби помеѓу екипите Скара на кило Кусио и Теа Андреа. Во едниот тим настапија професионалци, како Давор Талески (Шкендија), Марио Наумоски (Победа), Марјан Радески (Пјуник, Ерменија), а во вториот Филип Грујоски (некогашен младинец на Победа), Столе Дунимаглоски, Валентин Колевски (доскорешни играчи на Победа). По голема борба немаше голови (0:0), а по изведувањето пенали со 4:3 подобра беше Теа Андреа.

Меѓу публиката беа познати фудбалери кои одлучија да бидат само во улога на гледачи, како голманот Дарко Тофилоски (Победа) и Зоран Даноски (Радник Сурдулица, Србија), двајцата на насловната фотографија. Тие ги проследија сите натпревари, на кои беа овие резултати: Термити агро багаж – Комфи ангел 4:0, Рустика кетеринг – Паркетар Горан 4:1, Ресторан Бабино Ланч бар база – Бела подморница 2:2 (6:5 на пенали), Најс травел – Пашалим 3:0, Коколе изофаст – ВИК Македонија 3:0, Скара на кило Кусио –  Теа Андреа 0:0 (3:4 на пенали).

Денешната програма е од 18 часот.

 

Од категоријата

ГОЛМАНСКИ ПОДВИГ ВО ПРИЛЕП: ИСТРЧА ДО ЦЕНТАР И СПРЕЧИ ЧИСТ ГОЛ

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ПО НЕИСКОРИСТЕН ПЕНАЛ, ТРГНА НАОПАКУ!

Зоран Иге

(фото, видео) ПРЕПОЛНА САЛА ВО ПРИЛЕП ИАКО НЕМАШЕ МЕЧ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе