Фудбал

ЧУДО Е КОЛКУ ГОДИНИ ИМА НАЈВОЗРАСНИОТ ИГРАЧ!

Само на ваков тип турнири, како што е Хуманитарниот во мал фудбал „Свети Никола“ може на едно место да се видат секакви категории фудбалери, од рекреативци, аматери до професионалци, од најмлади кои имаат 15-16 години до највозрасни. Засега највозрасен играч кој постигнал гол е Горан Тодоровски од екипата Најс травел со 53 години. Но, највозрасен играч кој настапил воопшто е неговиот соиграч Славчо Алексоски. Тој има 67 години! Одигра во одбраната во второто полувреме на мечот добиен со 3:0 врз Пашалим.  

Има и разни возрасти меѓу гледачите. Засега во водство е Миле Талески, легендарниот спортски новинар на „Спорт“ од Белград, „Нова Македонија“, Радио Прилеп, „Народен глас“, „Скок“ „Тутунски лист“ и многу други медиуми. Тој има 83 години, а турнирот синоќа го следеше со внуката Јоана.

СИНОЌЕШНИ РЕЗУЛТАТИ: Трисоро – Пашалим 5:0, Кафе Лули – Мебло трејд 2:8, Ана Марија фуд – Астра казино 0:3, Влав шпед – Термити Агро-багаж 3:0, Теа Андреа – Тим Јосифов 3:1, Скара на кило Кусио – Декор колор Хајв кафе 3:0.

Денешната програма за сениорскиот дел од турнирот во салата на ОУ „Добре Јованоски“ почнува од 15,40 часот.

Од категоријата

(резултати, состави) МНОГУ ШАНСИ И ДИРЕК ЗА БОД НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ПОБЕДА: МЕЧОТ СО АРСИМИ Е 11 ДЕНА ПОДОЦНА!

Зоран Иге

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе