Вчерашното 9. коло од Втората фудбалска лига на Македонија е одбележано и со настапот на познатиот фудбалер Зоран Даноски – Шукер. Напаѓачот со пребогата кариера, заигра во дресот на Големо Коњари, во клубот од каде е неговото потекло. Во игра влезе во 82. минута, заменувајќи го Ерџан Ибраимоски на мечот дома со лидерот на табелата Брегалница Штип, ривал кој со 2:0 го доби дуелот во Големо Коњари.
Следен меч на кој може да помогне 35-годишниот Даноски е на гости со Новаци.