Фудбал

СПРЕМААТ НОВО ЧУДО!

Зад нас е 13. рунда од фудбалската Прва лига на Македонија и поразот на Победа со 1:0 на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци. Прилепскиот тим иако се подобри во играта, не успева да оствари низа на успешни натпревари. Следи дуел дома со Македонија ЃП од која се два есенски пораза, за првенство во Скопје со 4:1, за Куп дома со 2:0. Но, ако се погледне табелата, разликата е само два бода, Македонија ЃП на 8. место со 13 бода, Победа на 9. со 11.

– Во неделата не успеавме, меѓутоа се спремаме секој викенд за ново чудо. Долго е првенството – вели Бобан Бабунски, шефот на Стручниот штаб на Победа.

Интересно за Победа е што во почетокот од првенството настапуваше без странци, потоа во тимот беа четворица (Србинот Огњен Ѓурковиќ, Ганецот Ерик Амо, Нигериецот Амос Дадет и Белгиецот Амасихоху Џејмс), а во неделата пак немаше ниеден, додека од 15 фудбалери што настапија, деветмина се прилепчани.

Од категоријата

И ТРЕТ ГОЛ ИМА ВО КОЧАНИ, НА ДУЕЛОТ ОСОГОВО – ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото, состави) ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СО „ПЕТКА“ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ НА КАПИТЕНОТ!

Зоран Иге

ПОБЕДА Е БЛИСКУ ДО ОДЛУКАТА ЗА НОВ ТРЕНЕР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе