Можеби има повеќе толкувања на поимот „борини“, но едно е сигурно дека станува збор за прилепчани коишто не можат да го смислат животот ни секунда без Победа, екипа којашто ја гледале и на натпревари и на тренинзи. Еден од нив е пензионерот Кире Иваноски – Балче, човек којшто јавно преку Фејсбук предупреди самозапалување ако Победа згасне како што се најавуваше, преку неучество во пролетниот дел од првенството на Втората лига. Откако Победа во последен миг реши да остане учесник во тоа натпреварување до крајот, Балче чувствува потреба пак да се обрати кон јавноста, овојпат преку нашиов медиум. Обраќањето го емитуваме преку видеото.
ВИДЕО