Најважното нешто за прилепските фудбалски приврзаници е тоа што Фудбалскиот клуб Победа не згасна и е активен во сите возрасни категории. Денеска (сабота, 7 март) и утре (недела, 8 март) најсаканиот прилепски клуб има вкупно 6 меча. Подолу е распоредот.
Сабота, 7 март,
10 часот: Втора кадетска лига, 15.коло, Скопје, Кул здравје – Победа
10 часот: Втора помлада пионерска лига, 15.коло, Прилеп (игралиште со вештачка трева), Победа – Кул здравје
12 часот: Втора младинска лига, 15.коло, Скопје, Кул здравје – Победа,
12 часот: Втора пионерска лига, 15.коло, Прилеп (игралиште со вештачка трева), Победа – Кул здравје,
14 часот: Втора сениорска лига, 19.коло, Охрид, Охрид – Победа.
Недела, 8 март,
15.30 часот: Пелагониска пионерска лига, 10.коло, Могила, Битолско, Еден на еден – Победа.