Тресењето мрежи како да му премина во навика на Салим Арифи, 19-годишниот фудбалер, бивш член на прилепска Победа. Сега е најдобриот стрелец во ФК Митровица, во лигата во рамките на Косово. Речиси нема викенд без постигнат гол од негова страна. На последниот првенствен меч против Косово Поле имаше два гола и две асистенции, така што најголем е неговиот придонес во победата од 5:0.
Навивачите гол очекуваат и следниов викенд. Во оваа прилика објавуваме снимка – видео од двата негови гола против екипата Косово Поле.
ВИДЕО