На 85 години животот го заврши Атанас Јакимоски – Танзио, човек поврзан со фудбалот, особено со клубот без кого не можеше ни миг, ФК Победа. Цел работен век беше возач во претпријатието „Пелагонија турист“, превезувајќи со автобус повеќе спортски клубови, а најчесто најсаканиот – Победа. Ја превезуваше со децении, до крајот, до пензионирањето.
А скоро 70 години создаваше своја архива од материјали, во кои ги бележеше резултатите и табелите кадешто настапуваше Победа. Без застој, секој резултат беше запишуван во распоредот на натпреварите.
Беше со сите карактеристики „борина“, прилепчанец кому името Победа му е светост.
