Се одиграа мечевите од 26. коло на Втората лига на Македонија. Во Богданци, Вардарски – Победа 0:1. Стрелец е Филип Димоски во 90. минута по асистенција на Мартин Талески од десната страна. Претходно и двете екипи имаа шанси, но голманите Филип Лазаревски и Иван Николоски спречија удари одблизу. По ваквиот епилог, прилепската екипа има прогрес на табелата – од 12. на 11. место.
Подолу објавуваме фотографии што ни ги испрати Рубин Алексоски, службениот претставник на Победа. Тој не информира дека прилепскиот тим планирал да настапи во црвени дресови, во нив било и загревањето, но поради црвениот дрес на домашниот голман, Победа била приморана да биде во бели дресови.

ВАРДАРСКИ: Лазаревски, Миленковиќ, Бејков, Домазет (54. Радевски), Јакимовски (54. Ашовалиев), Илиевски, Софијаноски (79. Мендов), Трајчов, Баламов (66. Емуш), Ибрахими, Ристов (79. Карамитров). Тренер: Бојан Захариев.
ПОБЕДА: И. Николоски, М. Талески, Ивчески, Казимоски, А. Петрески (78. Г. Димоски), Исмаил (56. Љумовиќ – 93. Арифи), Каба, П. Петроски, Ф. Димоски (93. Крајоски), Кофиловски, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.

РЕЗУЛТАТИ 26. КОЛО: Вардарски – Победа 0:1, Вардар Н. – Борец 1:0, Брегалница – Македонија ЃП 0:0, Детонит – Арсими 0:0, Кожуф – Беласица 1:1, Скопје – Охрид 1:2, Осогово – Башкими 1:0, Саса – Новаци 0:0.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 57, Башкими 56, Арсими 55, Брегалница 52, Беласица и Охрид 39, Детонит 37, Скопје 34, Кожуф и Саса 33, Победа и Вардар Н. 30, Новаци 29, Осогово 22, Борец 13, Вардарски 11.
СЛЕДНО 27. КОЛО (3 мај во 16 часот): Победа – Осогово, Саса – Вардар Н., Новаци – Вардарски, Башкими – Скопје, Охрид – Кожуф, Беласица – Детонит, Арсими – Брегалница, Македонија ЃП – Борец.