Фудбалот може да се искористи во позитивна насока, а тоа во последно време го прават прилепските клубови. Така, за утре (сабота, 21 февруари) ФК Корзо 2016 (Прилеп) се збратимува со ФК Козара (Заполжани), за време на пријателскиот меч од 12.00 часот на игралиштето кај Могилата во Прилеп. Преубаво дружење на членови на управи, тренери, играчи, симпатизери… Клубот Козара е учесник во Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп, а клубот Корзо 2016 во Општинската Б-лига од ОФС Прилеп. Претходно Корзо 2016 истата цел, збратимувањето, го постигна во Лознани, Битолско, со домашниот клуб Хајдук.
Збратимувањето како процес почна од пред неколку години, кога ФК Прилеп сити се збратими со ФК Хајдук од Лознани, а потоа ФШ Тони од Прилеп со НА Конавле од Дубровник, Хрватска.