Пролетен пресврт се случува во Третата лига – Југ. Екипата Борец денеска со 3:0 ја совлада Слога, па така како лидер побегна на табелата со четири бода предност пред есенскиот првак Големо Коњари. Во денешното коло Големо Коњари беше слободно.
РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО: Локомотива – Марена 3:2 (Ѓунет Исеинов 3 – Роналдо Фазлиов, Борис Михов), Ултрас – Бучин 3:3 (Миодраг Тасески, Христијан Свртиновски, Бобан Тошески – Зоран Мирчески, Дарко Ефтимџиоски 2), Борец – Слога 3:0 (Виктор Перчинков, Јосиф Манасиев, Пеце Стојанов), Младост – Росоман 3:3 (Дарко Чапкуноски, Ивица Мијајлески, Димитар Китаноски – Марко Миловановиќ, Слободан Дуков 2), Превалец – Питу Гули 1:3 (Иванче Давитков – Соте Андреески, Семир Мемедоски, Беким Алимоски).
ТАБЕЛА: Борец 29, Големо Коњари 25, Превалец и Росоман 23, Младост 18, Питу Гули 17, Ултрас 14, Слога 13, Марена 11, Локомотива 10, Бучин 1.
СЛЕДНО 14. КОЛО (24 март во 14 часот): Марена – Превалец, Питу Гули – Големо Коњари, Росоман – Борец, Слога – Ултрас, Бучин – Локомотива.