И покрај тоа што состојбата е тешка, претешка во Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп, наспроти најавите дека ќе апстинира, нема да игра во пролетниот дел од Втората лига на Македонија, по секојдневните негодувања на симпатизерите, по острата реакција на навивачката група „Мајмуни“ на собирот во четвртокот, настана пресврт и прилепскиот клуб ќе игра денеска дома, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Дознаваме дека чудо се случили не само со ангажирање на клупскиот извршен директор Филип Илиоски, ами и со разбирање на институции, пред се Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп и Фудбалската федерација на Македонија, со ангажман на искусни и авторитетни луѓе, познати имиња, како Марјан Стојковски – Манта, потпретседател на ФФМ, Петре Илиоски – Бојата, секретар на ОФС, а и други покрај нив. А она што е постигнато е брзо средување на клубот, играчи регистрирани за да можат да настапат, така што исполнети се сите услови за клубот да учествува во ова 16. коло, прво пролетно, против Новаци. Иако се бараше одложување за в среда, тоа нема да се случи по црвстиот став на гостинот од Новаци, па мечот останува за денеска од 14.00 часот. За судии се одредени Ангелчо Ристов, Ване Дупкаров, Ване Данилов (Неготино) и Ангел Гелов (Кавадарци), делегат Алајдин Асани (Градец), а контролор Сашо Иванов (Штип).
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕШНОТО 16. КОЛО: Победа – Новаци, Тетекс – Вардар Н., Кожуф – Брегалница Ш., Осогово – Саса, Шкендија А. – Преспа, Беласица – Охрид, Слога В. – Скопје, Детонит – Големо Коњари.
ТАБЕЛА: Охрид 36, Шкендија А. 35, Брегалница Ш. 33, Беласица 31, Скопје 29, Новаци 27, Детонит 26, Осогово 24, Кожуф 22, Саса и Тетекс по 17, Вардар Н. 12, Победа 11, Преспа 9, Слога В. 7, Големо Коњари 3.
ПОВИК ДО НАВИВАЧИТЕ!
Иако мечот треба да е без публика на трибините од Градскиот стадион „Гоце Делчев“, поради забраната од ФФМ за 4 меча играње без гледачи кога домаќин е Победа, навивачите и симпатизерите се организираат да и дадат поддршка на прилепската екипа со присуство на скалите од кај старата болница, по пример на некогашните „борини“. Се очекува масовно присуство, така што секој што сака да е дел од публиката, треба совреме пред 14.00 часот да дојде и да обезбеди место на тие скали.
Публика на тие скали имаше и на претходните 2 меча на Победа дома – со Кожуф и со Бреалница Ш.