Две држави (Македонија и Грција) се застапени утре во Прилеп, на првото издание од Меѓународниот турнир „Лимонада куп“за фудбалери родени 2011 година. Затоа, на игралиштето со вешташка трева кај Типската населба, се веат две државни знамиња – македонското и грчкото. Покрај македонските претставници – Вондеркидс (Прилеп), Вардар (Скопје) и Пелистер (Битола), учесник е и ПАС Флорина (Лерин, Грција). Настанот е по иницијатива на Фудбалската школа „Вондеркидс“ и под покровителство на компанијата „Касни-порасни“.
Еве го распоредот за утре, сабота, 21 февруари,
9.00: Вондеркидс – Пелистер,
10.15: ПАС Флорина – Вардар,
11.35: Вондеркидс – ПАС Флорина,
12.55: Вардар – Пелистер,
14.15: Пелистер – ПАС Флорина,
15.35: Вондреркидс – Вардар.
Претстои уживање за публиката околу игралиштето, претстојат шест квалитетни меча со одбрани фудбалски таленти.