Фудбал

ПРИЛЕП СЕ ЗБОГУВА СО ЛЕГЕНДАРНАТА „ОСУМКА“!

Синоќа на 71 година овој свет го напушти Јове Магдески. За него во јавноста се знае се од биографијата, од раѓањето 29.7.1953 до смртта на 1.11.2024 и овде само ќе повториме накусо – фудбалер на Победа во средниот ред секогаш со бројот 8 од 1969 до 1982 година и 6 години нејзин капитен, тренер на Победа во два наврата, пролетта 1987 година и од летото 1989 до летото 1991 година. Најдобар спортист на Прилеп е за 1977 година. 

Како играч со префинета техника, велемајсторски дриблинзи и проигрувања, како и со изведба на слободни удари и волеј-удар, има 11 сезони во Втората југословенска лига – Исток и 2 сезони во Републичката лига на СР Македонија, а како тренер пролетта 1987 во Втората југословенска лига и 2 сезони во Третата југословенска лига – Исток. Има настапи во Олимписката репрезентација на Југославија. Учесник е на дербито со најмногу публика (според новинарите 25.000 гледачи) на 15 март 1981 година во Прилеп, Победа – Пелистер 3:1.

Погребот на Јове Магдески е денеска во 13 часот на Новите градски гробишта во родниот Прилеп.

Од категоријата

НОВ СПОРТ „ВАЛКАЊЕ В КАЛ“ ВО КОЈ ПОБЕДА ПРИМИ 8 ГОЛА!

Зоран Иге

ПОСЛЕДНИ ПОРАКИ ПРЕД ДУЕЛОТ КОЛЕРАЈН – ПОБЕДА

Зоран Иге

БОРЕЦ ДЕНЕСКА ВО КРИВОГАШТАНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе