Фудбал

ПОСЛЕДНА ВЕСТ ЗА ПОБЕДА-НОВАЦИ: МОЖНО Е ОДЛАГАЊЕ ЗА В СРЕДА!

На задоволство на сите прилепчани коишто премногу го сакаат фудбалот, се прават максимални напори за нивната Победа да остане докрај во второлигашката сезона. Има разбирање и од институции и од поединци. Дознаваме дека во Фудбалската федерација, каде што потпретседател, втор човек е прилепчанецот Марјан Стојковски – Манта, не била исклучена можноста за одложување на мечот Победа – Новаци од сабота за в среда, со цел досредување на прилепскиот клуб за негово учество во цел пролетен дел од Втората лига. Тој првенствен дуел од 16. коло е закажан за утре (сабота) од 14.00 часот, но ништо чудно доколку биде преместен за в среда. Четири дена е подоцна, но доволно за клубот да се среди во секој дел – организациски, финансиски… Во кулоарите се истакнува дека е мошне важно што бил надминат долгот кон Федерацијата од близу 2 милиони денари, како и обврската за котизација.  

Исто така, како следен чекор, предложено е акциите од сегашните акционери да се отстапат на Општина Прилеп, за потоа понатаму клубот да има можност за подобра организација, посветла иднина.

Очигледно клубот Победа со своето име потсетува на некогашниот гигант, така што не само Прилеп, туку и цела Македонија вложува напори за да го задржи, да го спаси, како што имаат цел и неговите најзагреани навивачи.

Од категоријата

ТЕРЕНОТ Е ПОДГОТВЕН ЗА ПРВИОТ ТРЕНИНГ НА ПОБЕДА

Зоран Иге

ДВАНАЕСЕТ ИГРАЧИ ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ!

Зоран Иге

ПРЕСМЕТКА НА КРУШЕВЧАНИ И КОЊАРЦИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион