Денеска (петок) се одигра 13. коло од Втората лига на Македонија, вклучително и мечот Победа (Прилеп) – Кожуф (Гевгелија), на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Внатре во објектот немаше публика, поради забраната од ФФМ за 4 меча играње без гледачи кога домаќин е Победа, казна поврзана со последниот меч тука, со Шкендија (Арачиново).
На денешниот дуел, сепак, имаше гледачи – илегални, тие беа на скалите од кај старата болница, по пример на некогашните „борини“, а внатре во објектот имаше само службени лица за потребите на организацијата. Во такви околности голема борба на теренот и шанси на двете страни. Според бројот на тие шанси можеби Победа беше таа што можеше прва да даде гол, можеби беше тимот што заслужи барем бод, бидејќи и одигра офанзивно и испрати опасни шутеви со нога и глава кон гостинската мрежа (еден во финишот заврши во левиот голмански дирек), меѓутоа Кожуф е тој тим што ги освојува сите три бода. Решавачки е моментот во 48. минута. Тогаш топката дојде налево до Аљбан Мемеди кој со десна нога шутираше во подалечниот голмански агол за 0:1.
Последните минути Кожуф ги одигра без исклучениот Бојан Ивчески – којшто втор жолт картон (црвен) за опасен старт доби во 87. минута од мечот од главниот судија Марјан Дејаноски од Кичево). Затоа уште е повреден овој триумф за гевгелискиот клуб.
ЗАПИСНИК ПОБЕДА-КОЖУФ

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО: Победа – Кожуф 0:1, Скопје – Тетекс 2:1, Детонит – Преспа 1:1, Слога В. – Саса 2:6, Беласица – Новаци 0:1, Шкендија А. – Брегалница Ш. 1:2, Осогово – Вардар Н 5:1. Мечот Големо Коњари – Охрид, поради врнежи и премногу вода на теренот во Големо Коњари, преместен е за 3 декември на истиот терен.


ТАБЕЛА: Шкендија А. 32, Брегалница Ш. 30, Охрид 27, Скопје 26, Беласица 25, Новаци 23, Детонит 21, Осогово и Кожуф 20, Саса 17, Тетекс 13, Преспа, Победа и Вардар Н. 10, Слога В. 4, Големо Коњари 3
СЛЕДНО !4. КОЛО (вторник, 25 ноември во 13 часот): Вардар Н. – Победа, Скопје – Големо Коњари, Тетекс – Кожуф, Брегалница Ш. – Осогово, Новаци – Шкендија А., Саса – Беласица, Преспа – Слога В., Охрид – Детонит.