Во Првата лига на Хрватска беше 14. рунда, а успешно одигра прилепчанецот Илија Несторовски, некогашниот член на Победа. Тој за екипата „Славен Белупо“ од Копривница постигна нови два гола во мечот дома против Вуковар. Мрежата ја затресе во 25. и 79. минута, за конечен резултат 4:1. Есенва Несторовски вкупно има три првенствени гола.
На табелата екипата на Несторовски е на трето место со 21 бод, а погоре се само великаните Хајдук од Сплит со 29 и Динамо од Загреб со 25.
Следното коло на 29 ноември Славен Белупо е гостин кај Истра во Пула.