Претстои 11. рунда и неколку интересни дуели во Третата лига – Југ, како Ултрас-Превалец. Вториот гостува кај третиот на табелата на теренот со вештачка трева во Прилеп, денеска од 13 часот. Доколку победи домашниот тим, се израмнува бодовно со гостинскиот, двата ќе имаат по 22 бода.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА: Ултрас – Превалец, Росоман – Млекар, Влазними јуниор – Бучин, Тополка – Младост К., Венец – Питу Гули, Башкими – Дреново, а Борец слободен.
ТАБЕЛА: Борец 25, Превалец 22, Ултрас 19, Питу Гули 17, Росоман 15, Венец и Влазними ј. 13, Младост 12, Бучин 9, Тополка 8, Млекар 7, Башкими 6, Дреново 1.