Дербито од 11. коло на Третата лига – Југ се одигра во Прилеп, на теренот со вешташка трева. Во сведоштво на гледачи, распоредени насекаде околу игралиштето, гостинскиот тим Превалец (Велес) го доби мечот со 2:1 против домашниот Ултрас (Прилеп). Второпласираниот на табелата излезе поуспешен од третопласираниот. Гостинската екипа двата гола ги постигна во 10. и 14. минута преку Кристијан Маневски и Давид Секуловски. Во понатамошниот дел од дуелот Ултрас ја имаше иницијативата, но од повеќето шанси искористи само една во 75. минута, кога гол постигна Бобан Тошески.
РЕЗУЛТАТИ: Ултрас – Превалец 1:2 (Бобан Тошески – Кристијан Маневски, Давид Секуловски), Росоман – Млекар 2:1 (Бојан Миланов 2 – Боби Ачкоски), Влазними јуниор – Бучин 0:1 (Маринко Јованоски), Тополка – Младост К. 0:1 (Мартин Деркоски), Венец – Питу Гули 2:1 (Александар Трајков, Жарко Донев – Ѓорѓи Стрезовски), Башкими – Дреново 7:1 (Самир Имеров 5, Адмир Азизов, Бесар Скендеров – Роналдо Фазлиев), а Борец слободен.
ТАБЕЛА: Превалец и Борец 25, Ултрас 19, Росоман 18, Питу Гули 17, Венец 16, Младост К. 15, Влазними ј. 13, Бучин 12, Башкими 9, Тополка 8, Млекар 7, Дреново 1.
СЛЕДНО 12. коло (30 ноември во 13 часот): Млекар – Дреново, Превалец – Башкими, Питу Гули – Ултрас, Младост К. – Борец, Бучин – Тополка, Росоман – Влазними јуниор, а Венец слободен.