Зарем треба уште некој доказ дека Општина Прилеп е најфудбалската општина? Денеска преполно народ и на местата за седење и на местата за стоење, околу игралиштето во Големо Коњари и тоа за дуел каде екипите немаат речиси никакви шанси за опстанок во Втората лига. Народ, народ, народ, мажи, жени, млади и стари, од Големо Коњари, од околните места, од Прилеп, од цела Општина Прилеп… Некои спомнуваа 500, други дури илјада гледачи! Овој народ заслужува квалитетен фудбал и затоа денеска двете екипи дадоа максимум од своите можности, прикажаа борба, по која си подадоа раце, си честитаа. Победи поискусната екипа – Големо Коњари, со двата гола на голгетерот Беким Алимоски, во 37. и 54. минута.
Спомнавме дека победи поискусната екипа. Во Големо Коњари тројца беа под ознаката (Мл) дека се младинци во првата постава, а уште двајца што влегоа од резервната клупа, додека кај Победа сите 13 што одиграа се под ознаката (Мл), т.е. или се младинци или кадети. Највозрасен во Големо Коњари е Зоран Даноски – Шукер со 35 години (20 октомври 1990), а во Победа најстариот има 21 година, Марио Тасески (27 август 2004).

ГОЛЕМО КОЊАРИ:
Христијан Сркески
Михо Андреевски (46. Мустафа Селманоски)
Димитар Оклески
Валентин Белески
Борче Сркески (к)
Беким Алимоски
Зоран Даноски
Игор Паноски (83. Давид Петрески)
Трене Тренески (56. Марио Пурдески)
Емир Каришиќ (68. Давид Каралиоски)
Ѓорѓи Стрезовски
Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
ПОБЕДА:
Марко Николоски
Матеј Талески
Марио Тасески
Бојан Смилески
Стефан Наскоски
Давид Паскоски
Димитар Шаркоски (к) (86. Бруно Стефаноски)
Леонид Митрески
Гоце Кузманоски
Гоце Петрески (75. Роберт Аризанкоски)
Андреј Петрески
Тренер: Кирил Овезоски.

РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО ВТОРА ЛИГА
ТАБЕЛА
ИДНО 22. КОЛО (28 март во 14.30 ч., освен Брегалница – Охрид од 18 ч.)