Дека Општина Прилеп е најфудбалската општина се покажало безброј пати досега, а и денеска во 14.30 часот тоа би требало да се потврди на игралиштето во Големо Коњари. Таму е мечот за многу публика, Големо Коњари – Победа, од 21. коло на Втората лига на Македонија. Оваа публика најмногу го сака фудбалот и нема да ја пропушти шансата да го проследи овој дуел. Затоа се најавува многу народ на монтажните трибини и околу игралиштето, за прекрасен амбиент, амбиент со кој се дава поддршка на двата клуба за да издржат до крајот на сезоната.
Пред најдобрата публика се очекува екипите да настапат со своите најдобри состави, со се она најдобро што го имаат на располагање. За Големо Коњари освен Илчо Митрески (паузира поради пет жолти картони), другите се во комбинација кај тренерот Столе Дунимаглоски, како Христијан Сркески, Андреј Димитријески, Димитар Оклески, Валентин Белески, Владимир Зарески, Ѓорѓи Стрезовски, Игор Паноски, Борче Сркески, Марио Пурдески, Трене Тренески, Емир Каришиќ, Михо Андреевски, Јованче Сугарески, Мустафа Селманоски, Владимир Бешовски, Давид Каралиоски, Николај Даноски, Ерџан Ибраимоски, повратниците Беким Алимоски и Зоран Даноски… За Победа освен Кристи Крајоски (пауза поради пет жолти картони), се спомнуваат следниве играчи како потенцијални во изборот кај тренерот Кирил Овезоски: Марко Николоски, Стефан Наскоски, Матеј Талески, Роберт Аризанкоски, Марио Тасески, Бојан Смилески, Давид Паскоски, Леонид Митрески, Гоце Кузманоски, Гоце Петрески, Андреј Петрески, Асан Имероски, Виктор Анѓелевски, Филип Петрески, Бруно Стефаноски, Давид Дебрешлиоски, Андреј Атанасоски, Теодор Ѓероски, Ведран Мегленски, Димитар Шаркоски…
За денешниот меч (од 14.30 часот во Големо Коњари) главен судија е Ангелчо Ристов, прв помошник Ване Данилов, втор помошник Зоран Ангелов (сите тројца од Неготино), четврти судија Дарко Котевски (Битола), делегат Тони Петков (Свети Николе), контролор Душко Милошески (Скопје), втор контролор Зоранчо Илиевски (Битола).