На табелата од плејофот (Топ 8) на Првата лига на Македонија екипата Соколи од Штип е на високото второ место со 19 бода, исто колку што има и првиот Бутел од Скопје. Дали штипскиот тим ќе биде и натаму кандидат за првото место многу зависи од денешниот меч во Прилеп: Мега баскет – Соколи. Познати се квалитетите на прилепскиот Мега баскет, така што и на овој тим му се даваат реални шанси за успех. Во салата од ОУ „Добре Јованоски“ почетокот е денеска од 17 часот.
ДВОЈКИ: Вардар – Бутел, Мега баскет – Соколи, Водно санс – Струмица, Охрид – Борец баскет.
ТАБЕЛА: Бутел, Соколи, Струмица и Борец баскет по 19, Мега баскет и Вардар по 15, Водно санс и Охрид по 13 бода.