Сите мечеви за 2025 година се одиграни во Првата лига на Македонија А-група, последниот синоќа – дербито во Прилеп. Станува збор за дуелот Мега баскет (Прилеп) – Вардар (Скопје) завршен со резултат 111:107. Повозрасните што го гледаа дуелот велат дека ваков меч немаат гледано во Прилеп можеби 30 години, откако гостувал МЗТ Скопје. Вреден триумф на Мега баскет, против најсилниот ривал. На табелата сега се два тима со по ист број бодови – 18.
Битно е кои 4 екипи ќе бидат најдобри, тие влегуваат во втората фаза, плејофот, каде ќе има и 4 најдобри од Б-групата. Во таа втора фаза само бодовите од меѓусебните дуели на најдобрите ќе бидат запишани на табелата.
Меѓутоа, од оваа основна фаза останува уште да се игра, некаде по 25 јануари 2026. Тогаш се игра 12. коло: Охрид – Мега баскет, Тетекс – Црн Дрим, Водно санс – Младинец, Вардар слободен.
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО: Црн Дрим – Охрид 75:66, Младинец – Тетекс 61:91, Мега баскет – Вардар 111:107, Водно санс слободно.
ТАБЕЛА
1.Вардар 10 8 2 906:765 18
2.Мега баскет 10 8 2 917:827 18
3.Охрид 10 6 4 775:742 16
4.Водно санс 9 5 4 796:702 14
5.Црн Дрим 9 4 5 720:725 13
6.Тетекс ТТК 9 2 7 649:675 11
7.Младинец 9 0 9 614:839 9