Одиграни се мечевите од 3. рунда на Првата кошаркарска лига на Македонија А-група. Од шесте тима што настапија само Мега баскет од Прилеп успеа да постигне над 100 поени (110), така што сосема логично е неговото прво место на табелата.
Црн Дрим – Младинец 95:78
Вардар – Охрид 88:70
Мега баскет – Водно санс 110:84
Тетекс ТТК – слободен
Извештај од КФМ за Мега баскет – Водно санс 110:84
„По изедначената прва чегтвртинљ во која домашниот тим сепак се стекна со предност од три поени (26-23), во втората дојде до првото посериозно резултатско одвојување. Прилепчани заиграа уште поефикасно во нападот, и до големиот одмор се стекнаа со висока позитива (56-41).
Ја потврдија со слично одиграна последна четвртина (29-17), за убедлив триумф изразен со 26.поени.
Нова одлична партија прикажа Враниќ, кој застана на бројката од 30.поени, следен од Нешиќ, кој постигна 21, Митков кој даде 19, и Радически, стрелец на 14.поени.
Кај Водно санс шутерски расположен беше Сребров, кој дојде до 28.реализации, Бајалџиев имаше 15, а Јоскоски уште 11.поени.“
ТАБЕЛА: Мега баскет 6 , Вардар 6, Охрид 5, Водно санс 3, Црн Дрим 3, Тетекс ТТК 2, Младинец 2.
ИДНО КОЛО (8.11)
Охрид – Црн Дрим
Вардар – Мега баскет
Тетекс ТТК – Младинец
Водно санс – слободен