На Тринаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2025“ вчера не се одигра финалето АСП Пак (Охрид) – Теа Андреа/Хајв кафе (Прилеп) во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“во Прилеп, поради оправдана причина – сообраќајна несреќа на гостинската екипа. Во врска со таа сообраќајна несреќа, имаме аудио-разговор со претставник на таа охридска екипа АСП Пак, Стефан Петрушевски. Подолу е комплетниот аудио-видео материјал, а и составите на двете екипи, прогласени за победнички,
АУДИО-РАЗГОВОР:
АСП ПАК (Охрид): Наум Таулоски, Дејан Милошески, Нико Пластиновски, Шенол Меди, Благоја Толески, Стефан Петрушевски, Никола Угриновски, Христијан Петрески, Дарко Цветаноски, Мишо Ѓорѓиоски.
ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ (Прилеп): Антонио Столевски, Јорданчо Наумоски, Дарко Илиески, Марјан Ристовски, Мартин Никовиќ, Давид Јошески, Димитар Чоков, Кирил Стојков, Дарко Анѓелески, Марио Наумоски.