Вечерва заврши Тринаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2025“ во Прилеп. Заврши предвреме, бидејќи не се одигра сениорското финале АСП Пак (Охрид) – Теа Андреа/Хајв кафе (Прилеп) во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Беше преполна публика, но немаше финале оправдано, поради недоаѓање на гостинската екипа, од каде неколку играчи имале сообраќајна несреќа на пат кон Прилеп и биле примени в болница. Според информациите, немале сериозни повреди, така што здравјето им е добро, но сепак не се во можност да го одиграат мечот.
Публиката беше официјално известена дека финалето нема да се одигра, турнирот е завршен и двете екипи се победнички. Ова наиде на одобрување, силни аплаузи. Меѓу присутните во салата беа и претставници на Општина Прилеп, меѓу нив и градоначалникот Дејан Проданоски.
Претходно се одигра мечот за 3.место, Кули (Прилеп) – ПВЦ Никем (Битола) 3:2. Стрелци: Христијан Попантоски 2, Ице Митрески (Кули), а Мартин Пивковски (ПВЦ Никем).
Утре и другите детали за турнирот во Прилеп на нашиов портал.