Сите мечеви од есенскиот дел за 2025 година се одиграни во Првата лига на Македонија А-група, освен еден, дербито во Прилеп. Станува збор за дуелот Мега баскет (Прилеп) – Вардар (Скопје). Се среќаваат второпласираниот против првопласираниот на табелата, двете најдобри екипи досега. Прилепскиот тим има 7 победи и 2 пораза, скопскиот 8 победи и само 1 пораз. Се очекува многу публика, полна сала во ООУ „Добре Јованоски“, па домашниот тим ќе има силна поддршка во настојувањето да му го нанесе вториот пораз на Вардар. Почетокот на дербито е од 19 часот.
ДВОЈКИ ВО 11. КОЛО: Црн Дрим – Охрид 75:66, Младинец – Тетекс 61:91, Мега баскет – Вардар, Водно санс слободно.
ТАБЕЛА
1.Вардар 9 8 1 799:654 17
2.Мега баскет 9 7 2 806:720 16
3.Охрид 10 6 4 775:742 16
4.Водно санс 9 5 4 796:702 14
5.Црн Дрим 9 4 5 720:725 13
6.Тетекс ТТК 9 2 7 649:675 11
7.Младинец 9 0 9 614:839 9