Тринаесеттиот турнир „Свети Никола 2025“во Прилеп нуди прекрасни дуели и во пионерскиот дел. Меѓу две сениорски полуфиналиња вчера се одигра пионерското полуфинале за генерацијата 2013 помеѓу екипите Тони (тренер Тони Наумоски) и Пандев талент (тренер Горан Тодоровски). Двајцата тренери, некогашни соиграчи во Победа, ги научиле децата во многу фудбалски вештини, така што можеме да се надеваме на идни полезни играчи, првотимци во прилепски или други македонски клубови, можеби веќе по пет-шест години.
Издвојуваме две акции, коишто ги прикажуваме во снимени видеа. Во првата акција, дете од Пандев талент, Давид Столески, ги издрибла сите коишто му беа пречки, но противничкиот голман Тимотеј Ингилизов го спречи голот. Во втората акција ченот на Тони, Адријан Христоски, во вистински момент втрча и со лоб-удар го постигна единствениот, победоносен гол на мечот.
Денешната програма на турнирот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ почнува од 15 часот.