Летниот преоден рок за фудбалерите не е почнат, но почнати се разговорите и преговорите. И од Фудбалскиот клуб Победа јавуваат дека се во разговори и преговори за задржување на младиот играчки кадар којшто се покажа во минатово првенство во кое стигна до 12. место и до опстанокот во Втората лига. Напоредно со досегашните првотимци, разговори и преговори се извесни и со потенцијални засилувања, нови фудбалери на повеќе позиции во прилепскиот тим, со цел зголемување на конкуренцијата и подигнување на квалитетот. Овој чекор е по одредувањето на клупскиот буџет за таа намена. А има време и за едното и за другото, имајќи предвид дека летниот преоден рок е од 15 јуни до 6 септември.
Очекувањата се големи во пресрет на овој летен преоден рок, бидејќи Победа од април има нов сопственик од САД и нов Управен одбор.

076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА НИЗ ПРИЛЕП
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403
