Од овој клуб излезе информација дека доби статус второлигаш по веста дека екипата Беса се откажа од учеството во Втората фудбалска лига на Македонија. Така, бараж-мечевите што беа вчера се покажаа непотребни, затоа што сите 6 тима заинтересирани да бидат второлигаши практично сега се сите второлигаши – Тетекс Тетово, Слога Виница, Шкендија Арачиново, Големо Коњари, Преспа Ресен и Осогово Кочани. Нема потреба од никаква ждрепка за поразените тимови од вчера, сите три ќе бидат второлигаши.
Што се однесува до Големо Коњари, сосема заслужено е второлигаш (се разбира ако сето претходно се потврди од Фудбалската федерација на Македонија), затоа што Големо Коњари стана првак на Третата лига – Југ, а во вчерашниот бараж-меч изваде нерешено 2:2 со Тетекс, клуб којшто има учествувано и во некогашната силна Прва лига на Југославија, го има совладано и Хајдук од Сплит.
Во текот на утрешниот ден се очекува институционална потврда на претходната информација.