Се одигра мечот од Купот за територијата на ОФС Прилеп. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ второлигашот Победа со 3:0 го совлада членот на Општинската лига Стрела од Ерековци. Можеби се очекуваше многу повисок резултат, но аутсајдерот даде достоен отпор, така што првиот гол го прими дури пред крајот на првото полувреме. Стрелци: Марио Тасески во 41., Давор Богевски во 47. и Андреј Петрески во 87. минута.

ПОБЕДА: М. Николоски (46. П. Талески), М. Талески, А. Петрески, Табаковиќ, Арифи (46. Ивчески), Д. А. Паскоски, М. Тасески, Оклески, Д. Н. Паскоски, Тренески, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
СТРЕЛА: Петкоски, Н. Ристески, Д. Ристески, Секирски, В. Петрески (46. В. Дебрешлиоски), Бозајковски (71. М. Крстески), Б. Марковски (71. Васиќ), Секуловски, Секоски, Н. Марковски, Стојаноски. Тренер: Горан Василевски.
Победа е претставник на ОФС Прилеп во натамошната фаза од Купот на Македонија. Следи одмор.