Кога станува збор за навивачи приврзани за прилепска Победа, најчесто се споменуваат групите „Маркови внуци“ и „Мајмуни“. За групата „Маркови внуци“ се знае дека е активирана во осумдесеттите години од 20 век, но како ден кога официјално го добила името најчесто се спомнува 28 октомври 1989, при гостувањето на Победа во Велес, на Борец, во Третата југословенска лига – Исток. Групата „Мајмуни“ се смета како наследник на претходната, само со сменето име, настан некаде во февруари 1997 година. Меѓутоа, прекар за прилепските навивачи што најмалку се спомнува е „борини“, а токму тој е претходница на двете групи. Со него биле нарекувани најзагреаните навивачи, оние што не можеле ни ден без Победа, ја гледале не само на натпревари, ами и на тренинзи. За тоа кога и како настанал прекарот, односно категоријата „борини“, ќе стане збор во денешното издание на емисијата „Спортски журнал“ на Радио Пела низ разговорот со гостин во студиото – Ѓорѓија Гоганајче.
Слушателите/гледачите ќе можат да се вклучат со свои мислења, ставови, коментари преку Фејсбук или Вибер.
Емисијата „Спортски журнал“ денеска (понеделник) по 11 часот може да се гледа на:
и
https://www.facebook.com/pelaradioMacedonia