Денеска се одигра последниот меч од 19. коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Во Големо Коњари, Големо Коњари – Шкендија А. 0:4 (0:3). Стрелци: Фикрет Љиварека, Дарио Десниќ, Амир Нухија, Махир Ајрули.
За прилепчаните интересно е што во Шкендија од Арачиново настапија тројца бивши членови на Победа – голманот Антонио Столевски, играчите Николче Шаркоски и Јусуф Каба.
Мечот се одигра во преубав амбиент, пред многу публика на новите, монтажни трибини, во Големо Коњари.
РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО: Големо Коњари – Шкендија А. 0:4, Охрид – Победа 10:0, Слога В. – Тетекс 0:3, Детонит – Беласица 0:1, Скопје – Осогово 2:0, Преспа – Кожуф 1:3, Саса – Вардар Н. 1:0, Новаци – Брегалница Ш, 1:3.
ТАБЕЛА: Охрид 43, Шкендија А. 42, Скопје 41, Брегалница Ш. 40, Беласица 37, Новаци 36, Детонит 35, Осогово 33, Кожуф 29, Саса и Тетекс по 241, Преспа и Вардар Н. по 12, Победа 11, Слога В. 8, Големо Коњари 4.
СЛЕДНО 20. КОЛО (сабота, 14 март, 14.30 часот): Победа – Скопје, Осогово – Големо Коњари, Тетекс – Новаци, Брегалница Ш. – Саса, Вардар Н. – Преспа, Кожуф – Охрид, Шкендија А. – Детонит, Беласица – Слога В.