Фудбал

ГЛАДОТ ЗА ФУДБАЛ ПОПЛАДНЕВО ТЕРА КОН ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН

Попладнево (17.30 ч,) е пријателскиот меѓународен дуел помеѓу македонскиот прволигаш Победа и албанскиот суперлигаш Егнатиа. Мечот е прв летово на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп и прва можност за фудбалските љубители да се вратат на саканото место – трибините. Прилепчаните се секогаш гладни за фудбал и без оглед на тоа што е пријателски натпревар, во голем број ќе бидат на стадионот. Љубопитноста е голема за да се види новиот тим на Победа, кадарот на кој смета тренерот Бобан Бабунски со асистентите. Вниманието особено е свртено кон новодојдените, играчот за врска Хамза Рамани од Беласица, бранителите Методија Делов од Тиквеш, Игор Паноски од Воска и Огнен Ѓурковиќ од Будуќност Добановци, левите странични Христијан Коцев од Македонија ЃП и Агон Хани од Струга. Не е исклучено да се појави уште некој нов, со оглед на претходните заминувања на Оливер Христов, Благој Истатов, Дарко Анѓелески, Борче Сркески, Давид Јошески, Марио Дебрешлиоски, Филип Димоски и Даниел Карчески.

Денешниот е четврти пријателски натпревар на Победа, по дуелите со Брегалница во Штип, Работнички во Скопје и кај Струга.

Од категоријата

ПОБЕДА: ДУНИМАГЛОСКИ ТРГНА СО ТРИУМФ НА ГОСТИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКАТА НАДЕЖ АРИФИ КАКО ВЕТЕР КРАЈ ЕКССОИГРАЧОТ НА МБАПЕ!

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО ПРВОТО КОЛО ОДИ ВО СТРУГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе